Saturday, June 25, 2022
објективно-вистинито-демократски-едукативно
  • Актуелно
  • Прилеп
  • Пелагонија
  • Македонија
  • Интервјуа
  • Коментари
  • Репортажи
  • Забава
  • Култура
Нема резултати
View All Result

Прилеп имаше градоначалници за парада, но д-р Јованоски е со дела и хуманост

Прилеп имаше градоначалници за парада, но д-р Јованоски е со дела и хуманост

11/02/2021
1 0
0
0
СПОДЕЛУВАЊА
1.3k
ПРЕГЛЕДИ
Share on Facebook

Прилеп ја доби титулата на општина со најголема транспарентност во работата! Прилеп стана град со реконструиран градски фудбалски стадион „Гоце Делчев“, за прв пат според сите современи стандарди! За прв пат во една македонската општина се реконструира градски булавер („Гоце Делчев“) според најсовремени европски стандарди! Изграден е прв пат во историјата на Прилеп, во населбата „Сточен пазар“ (со децении запоставувана населба) мост од околу 1000 м2, повторно според сите современи стандарди. Во голема мера е завршена изградбата на спортско-рекреативен центар крај вештачкото езеро, за прв пат во Прилеп! Околу милион евра ќе се вложат во ромската населба „Тризла“, проект што почнува од овој месец! А, само во населбата „Три багреми“, за прв пат е инвестирано во инфраструктура (пат, вода, собирање отпад, електрична мрежа)! Наместо маргинализирани групи, граѓаните на оваа населба се почитувани и нивните услови за живот се урбанизираат! За лицата со посебни способности, поточно граѓаните со церебрална парализа е изграден Дневен центар, неколку месеци по смена на власта! Пуштена е во употреба детска градинка, а во тек се активностите за изградба на нова детска градинка и затворен базен во населбата „Точила“.

Реконструиран е патот до Мариово, за што монашкото братство во манастирот „Св. Никола“, на чие чело е игуменот Никола упати јавна благодарност до градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски. Обновени се конаците, а ќе биде изграден и водовод во манастирот „Трескавец“ со црквата „Успение на Пресвета Богородица“, каде што чиноначалствува отец Калист. Јованоски покажа максимална посветеност во битката со пожарот што беснееше околу манастирот во Зрзе, каде се наоѓа и епископското седиште на владиката Климент.

Д-р Илија Јованоски е единствениот градоначалник во Македонија, којшто го стави на огромен ризик своето здравје и живот, покажувајќи максимална емпатија со сите граѓани инфицирани со „корона вирусот“ и заболени од „ковид-19“. Секојдневно за потребите на болницата и во битката со пандемијата на „ковид-19“ ги стави на располагање своите знаења и вештини, организациски и менаџерски способности и како доктор и како поранешен директор на општата болница.

И сигурно е дека градоначалничката функција е моќна, ама само за популистите, желни за паради. А, премногу е одговорна за одговорните и посветените како Јованоски, којшто наместо секојдневно да се „шета од медиум до медиум“, (манир својствен на петходните градоначалници), ја води битката за што подобар Прилеп.

Прилепската општина за прв пат има градоначалник кој доаѓа на работно место во 8 часот, и кој рамо до рамо со сите раководители на сектори ги решава проблемите на граѓаните. Отворено, домаќински и посветено! Без манипулации и лажни ветувања. Бара работа, одговорност и исполнителност од вработените!

За неговата успешност во работата, говорат сите негови дела! Токму затоа премиерот Зоран Заев е чест гостин на Прилеп, а при официјалното пуштање во употреба на булеварот „Гоце Делчев“ ја изрази и отворено поддршката за Општина Прилеп и проектите на градоначалникот Јованоски!

Оттука мечтите остануваат за мечтателите! Лажните конструкции за популистите, коишто својата кариера ја потпираат на интриги и „мапи -проекти“. А, личностите – политичарите од дела, градат историја за својот град, при тоа ставајќи печат и на својата кариера!

Прилеп и прилепчани се среќни што имаат градоначалник којшто зад себе има дела и хуманост, и којшто парадите им ги остава на парадерите!

Илија Јованоски единствен градоначалник во Македонија, којшто го стави целосно во ризик своето здравје и живот, само да им помогне на своите сограѓани во битката со пандемијата од „Ковид-19“

Етикетите без лепак, сами паѓаат! Останува вистината и убавината на градот и тогаш кога се чини нема медиум, којшто со повеќе внимание, аналитичност и компаративност во однос на претходните локални гарнитури, ќе ја следи работата на локалната власт! Три години локална власт, а толку дела. Дури и политичките ривали му симнуваат капа. Дури и оние кои сонуваат за градоначалничката фотелја се свесни дека реализацијата на овој градоначалник е повеќе од респектабилна!

редакција: ovde.mk

Градски стадион „Гоце Делчев“
За прв пат мост во населба „Сточен пазар“
Премиерот Зоран Заев во рамки на посетата на Прилеп, заедно со градоначалникот Јованоски, вршат увид врз градежните активности во манастирот „Трескавец“ и црквата „Успение на Пресвета Богородица“, каде што во тек е комплексен проект за целосна реконструкција на ова светилиште на православието на Балканот.
Спортско-рекреативен центар кај вештачкото езеро, проект:
„Прилепско езеро-нови авантури-нови можности„
Премиерот Зоран Заев практично го означи почетокот на функционирањето на темелно реконструираниот булевар „Гоце Делчев“ во Прилеп, најсовремен булевар во Македонија!

Поврзани содржини

Замина новинарската легенда Тачко Локвенец
Актуелно

Замина новинарската легенда Тачко Локвенец

20/02/2021
537
Библиотеката „Борка Талески“ објави листа на интересна литература по повод чествувањето на денот на љубовта и виното
Актуелно

Библиотеката „Борка Талески“ објави листа на интересна литература по повод чествувањето на денот на љубовта и виното

13/02/2021
99
Автопатот Прилеп-Битола ќе се гради според ФИДИК правила
Актуелно

Автопатот Прилеп-Битола ќе се гради според ФИДИК правила

12/02/2021
64
Комуналците ги чистат депониите во Крушево
Актуелно

Комуналците ги чистат депониите во Крушево

09/02/2021
104
Чулаковски разрешен од членство во УО на студентскиот дом во Битола
Актуелно

Чулаковски разрешен од членство во УО на студентскиот дом во Битола

09/02/2021
62
Десет прилепчани инфицирани со британски сој на коронавирус
Актуелно

Десет прилепчани инфицирани со британски сој на коронавирус

09/02/2021
100

Популарни содржини

Замина новинарската легенда Тачко Локвенец

Замина новинарската легенда Тачко Локвенец

20/02/2021
537

(од последното интервју во октомври, 2020) автор:Моника Талеска Тачко Локвенец, новинар и публицист, почитувач на еснафите, вљубеник во книжевноста, поезијата,...

Машинскиот инженер, Сашо Велески, нов директор на прилепски „Комуналец“

Машинскиот инженер, Сашо Велески, нов директор на прилепски „Комуналец“

06/02/2021
90

Машинскиот инженер, Сашо Велески е новоименуван директор на ЈКП „Комуналец“ од Прилеп, функција што досега ја извршуваше Ирена Станковска. Велески...

Гинеколог од Битола со помош на колегата и овозможил на својата сопруга без лиценца, да изврши царски рез

Гинеколог од Битола со помош на колегата и овозможил на својата сопруга без лиценца, да изврши царски рез

08/02/2021
73

Против двајца доктори од Битола и една докторка од Белград, полицијата до битолското Обвинителство поднесе кривични пријави. Прво осомничениот М.В....

Автопатот Прилеп-Битола ќе се гради според ФИДИК правила

Автопатот Прилеп-Битола ќе се гради според ФИДИК правила

12/02/2021
64

-За прв пат воведуваме нов начин за изградба на автопати во државата, а тоа се ФИДИК правилата. За граѓаните, мора...

Јованоска: Хероите на денот се доброволните дарители

Јованоска: Хероите на денот се доброволните дарители

21/01/2021
51

Службата за Трансфузиологија во Прилеп и натаму интензивно е вклучена во борбата против пандемијата предизвикана од „Корона вирусот“. Граѓаните кои...

Најнови содржини

Замина новинарската легенда Тачко Локвенец

Замина новинарската легенда Тачко Локвенец

20/02/2021
537

Библиотеката „Борка Талески“ објави листа на интересна литература по повод чествувањето на денот на љубовта и виното

13/02/2021
99

Автопатот Прилеп-Битола ќе се гради според ФИДИК правила

12/02/2021
64

Прилеп имаше градоначалници за парада, но д-р Јованоски е со дела и хуманост

11/02/2021
1.3k

Комуналците ги чистат депониите во Крушево

09/02/2021
104

Чулаковски разрешен од членство во УО на студентскиот дом во Битола

09/02/2021
62

Популарни содржини

Замина новинарската легенда Тачко Локвенец

Замина новинарската легенда Тачко Локвенец

20/02/2021
537

Машинскиот инженер, Сашо Велески, нов директор на прилепски „Комуналец“

06/02/2021
90

Гинеколог од Битола со помош на колегата и овозможил на својата сопруга без лиценца, да изврши царски рез

08/02/2021
73

Автопатот Прилеп-Битола ќе се гради според ФИДИК правила

12/02/2021
64

Јованоска: Хероите на денот се доброволните дарители

21/01/2021
51

Претрес во Битола, пронајдени марихуана и муниција

06/02/2021
47
Нема резултати
View All Result
  • Актуелно
  • Прилеп
  • Пелагонија
  • Македонија
  • Интервјуа
  • Коментари
  • Репортажи
  • Забава
  • Култура

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In