Прилепските советници денеска го усвоија Извештајот за работата на Советот за 2020 година, и Програмата за работа за годинава.
-Усвоена е и Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и финансискиот план за 2021 година на ЈКП ,,Водовод и канализација’’.Согласно со финансискиот план, планираните приходи на јавното претпријатие за тековната 2021 година изнесуваат 214 милиони денари, а расходите 204 милиони денари. Усвоена е и Програмата за измена и дополнување на Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на општина Прилеп за 2021 година, како и Програмата за култура за годинава, соопшти Општина Прилеп.