Целосно е сменета внатрешната и надворешна дограма во училиштето „Кирил и Методиј“ во населеното место Канатларци, со грант од јапонската амбасада. Во подрачните училишта во с. Бонче за прв пат има довод за техничка вода, а инвестирано е и во подрачните училишта во селата Подмол и Ерековци.
-Со реконструкцијата на покривот во училиштето во Канатларци, го решивме еден од најголемите проблеми. Истовремено, ги реновиравме тоалетите, го заградивме училишниот двор, а училниците ги опремивме со потребниот инвентар: клупи, ученички столчиња, ормари, канцелариски столици. Изградивме рампа за пристап на лицата со телесен инвалидитет, а со помош на донации од ‘Аџибадем Систина’, ТИКА и СЕГА, училиштето го опремивме со 30 статични компјутери, проектори, лап топ, смарт табли, како и безконтактни топломери и средства за заштита од коронавирусот“, вели директорот Бајрам Јусуфоски.
Како и досега и во иднина, Јусуфи очекува помош од Општина Прилеп, МОН, донации од разни институции и невладини организации, коишто значително ќе ги подобрат условите за одржување наставата.
