ПРИ КРАЈ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВОДОВОДНАТА ЛИНИЈА НА УЛ.“МАРА ЈОСИФОСКА”

ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп интензивно работи на реконструкција на
старите водоводни мрежи на повеќе локации, со цел да се обезбеди чиста и технички
исправна вода за пиење, а со тоа подобар живот на граѓаните во град Прилеп.

ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп на улица “Мара Јосифоска”  реконструираше
околу 200 метри водоводна линија на која се поставени полиетиленски цевки дн90, а
со тоа се заменети старите азбесни цевки дн50. На новата мрежа се поврзани сите
куќни приклучоци. По завршувањето на реконструкцијата на водоводната мрежа
планирана е и реконструкција на канализационата мрежа на истата улица.