Градоначалникот Илија Јованоски упати честитки по повод Рамазан Бајрам

Почитувани,  верници од исламската вероисповед

На сите вас, ви  посакувам овој празник Рамазан Бајрам да го прославите во радост и среќа, здравје и бериќет. Овие големи празници отсекогаш биле прилика за изразување на взаемна почит и пријателство меѓу луѓето. Празникот нека ни даде поттик и нека ни носи мир во душата, благодет во семејството и среќа во заедницата.

Честит Рамазан Бајрам

градоначалник на Прилеп

Илија Јованоски