Официјалниот дел од посетата на делегацијата на НАТО започнува денеска

Официјалниот дел од посетата на делегацијата на НАТО започнува денеска со церемонија за пречек на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на платото пред Владата.

Се предвидува Столтенберг, кој во земјава пристигна вчера попладне, во Владата да има  тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев по што ќе се одржи состанок на Северноатланскиот совет со Комитет за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО. Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет денеска се очекува да остварат средба и со претседателот Стево Пендаровски.

Во рамките на својата агенда, генералниот секретар на НАТО Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот Совет, вчера беа примени од Претседателот на Собранието Талат Џафери.