Полицијата потврди, координаторот Петар Ристески предизвикал инцидент во кој е нападнат прилепски стоматолот

Секторот за внатрешни работи Битола,тукушто лиферуваше соопштение до јавноста со кое се потврдува инцидентот во којшто е физички нападнат угледниот стоматолог Благоја Бисеркоски од страна на координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески,којшто во исто време извршува и две други политички функции,советник и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп во Советот на Општина Прилеп.

 „На 22 мај во Полициската станица- Прилеп, Б.Б.(61) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 20.45 часот на улица „Јоска Јорданоски“ во Прилеп бил физички нападнат од лицето П.Р. од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопштуваат од СВР-Битола.

Стоматологот д-р Бисероски, пак се огласи на својот Фејсбук профил. Тој тврди дека синоќа 15 минути пред 21 часот пред слаткарницата „Дизниленд“ во строгиот центар на Прилеп од зад грб со бокс бил удрен од координаторот Ристески,во левата страна од главата. Среќа во налетот на насилство, како што пишува Бисеркоски, Ристески бил спречен од неговиот пријател, со кој што седел заедно на масата.

„Само да ве информирам дека сношти околу 20ч. и 45 мин. отидов во слаткарницата „Дизниленд“и надвор седеше Петар Ристески, кој ме „пречека“ со еден куп вулгарности и закани на моја сметка и на сметка на мојата фамилија. На излегување продолжи да ме навредува мене и мојата фамилија, за тоа да кулминира со физички напад. Бев удрен со бокс од позади во левата страна од главата. За среќа едно другарче што седеше со него го спречи и го задржа да не продолжи понатаму. Следуваше пријава во полиција, записник, прекршочна пријава …“стои меѓу другото во постот на стоматологот д-р Бисеркоски.

Координаторот Петар Ристески главниот актер на инцидентот пред слаткарницата „Дизниленд“ често упатува критики дека во време на оваа власт во Прилеп има насилство. Кој знае, можеби при давање на овие паушални заклучоци поаѓал од сопствените пориви и афекти?