Координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп нападнал свој колега во центарот на Прилеп?

Според изјави на граѓани, координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, Петар Ристески вечерва околу 21 часот во центарот на Прилеп, физички нападнал свој колега, стоматолог по професија. Граѓаните велат дека настанот го регистрирала и полициска екипа и дека Ристески заминал од местото на настанот со полициска придружба. Граѓани кои живеат во близина на полицијата, велат дека забележале како Ристески вечерва излегува од полициската станица.

Се обидовме, но вечерва не успеавме да добиеме каква било официјална информација од Прилепската полиција за настанот, којшто ги вознемирил граѓаните кои што во тој момент уживале во своето вечерно излегување.