Влезот на Македонија во НАТО и ЕУ,значи светско признание на македонскиот јазик

Во Небрегово, промовиран зборник „Како се чита Конески“

Блаже Конески, основоположникот на современиот македонски литературен јазик, граматика и правопис е наддржавен авторитет, чии што дела се наоѓаат во најголемите библиотеки во светот. Во овие историски мигови кога Македонија се наоаѓа пред вратите на НАТО и ЕУ, современиот македонски јазик ќе добие и светско признание. Овие се пораките од денешната свечена промоција на зборникот од 30 трудови на еминентни македонски културни дејци, „Како го читам Конески“,што се одржа во неговата родна куќа во Небрегово.

Промоторот на зборникот, којшто е четврта книга на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, проф. д-р Максим Каранфиловски го истакна значењето на ова четиво посветено на делото на Конески. Говорејќи од позиција на претседател на Македонскиот славистички комитет, проф. д-р Каранфиловски рече дека книгата ги изнесува видувањата и чувствата на македонските автори за Конески.

„Објавени се и три песни посветени и инспирани од творештвото на Блаже Конески. Сметам дека книгата претставува уште еден придонес кон проучувањето на делото на Блаже Конески и на некој начин го афирмира неговото духовно присуство во нашата средина, денес и неговото значење, воопшто, македонскиот културен живот и нашето културно опстојување“, рече Каранфиловски.

 

Според писателката Мирјанка Ристеска Селчанец, една од авторите на книгата, Конески се чита на секој начин.

„Конески се чита, се пее, се плаче, Конески се смее, Конески довикува, советува, укажува и на крај Конески забранува да се заборави она што е корен на Македонецот – неговиот мајчин јазик. Јас со задоволство и посебно чувство ги рецитирам неговите песни“, вели Ристеска Селчанец.

Претседателот на фондацијата „Небрегово“, и извршен уредник на книгата,  Трајко Стаматоски вели дека Конески залудно го напаѓале, бидејќи јазикот може сам да се одбрани, себе си.

„Почитувањето е култура на однесување. Но, ги има и оние што немаат мисла, а можеби има и злонамерници. Сум одговарал на некои напади на Конески, уште од 1990 година, кога Блаже беше жив. Имаше напади, не однадвор, туку одвнатре, од државата. Тогаш напишав: ‘Не гибајте во нешто што е свето’. Ги побив сите злонамерници и тие што го напаѓаа и го нарекуваа ‘џуџето од Небрегово’, а денес му ги читаат песните. Денеска порачувам: јазикот се брани сам од себе, јазикот го бранат сите говорители. И додека има говорители, ќе има и јазик, ќе има и однос спрема јазикот. Јас сум оптимист. Јазикот може при добро проучување од институциите, со поголем напор и да им се дадат подобри услови за работа, да го развиваат јазикот понатаму“, смета Стаматоски.

Пензионираната универзитетска професорка, Вера Стојческа Антиќ, негува надежи дека ќе се зголеми интересот за студирање на македонскиот јазик и книжевност, иако сега се запишуваат само по неколку студенти.

„Македонскиот јазик не може да се уништи, ние го говориме, го имаме. Точно е дека треба да се обрне поголемо внимание: Институтот за македонски јазик, катедрата, треба да добијат подмладок кој ќе работи, а го имаме. Имаме перспективни научници, а работат на споредни места. За жал малку студенти, неколку се запишуваат на катедрата за македонски јазик и книжевност. Имаме добри студенти, може да се подобри ситуацијата и верувам во тоа, и тоа со внимание и мора да има подмладок на катедрата. Инаку, лани во Солун на промоцијата на мојата книга ‘Мојот професор пророк’ посветена на Конески, се осведочив во мислењето на истакнатиот грчи поет Костас Валетас, кој одржа слово заклучувајќи дека е штета што Конески не ја доби Нобеловата награда“, вели Стојческа Антиќ.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски, како и владината делегација, предводена од министерот Горан Сугарески и почитуваните на делото на Конески, положија свежи цвеќиња пред бистата на Великанот во неговата родна куќа

„Денеска во рамките на чествување на Денот на независноста – 8 септември,се наоѓаме во родната куќа на Блаже Конески. Овој настан денеска добива важност уште повеќе, ако се имаат предвид заложбите македонскиот јазик да биде признаен на светско ниво,идентитетот на македонскиот народ,на граѓаните на Република Македонија и се она што правиме во иднина мислам дека ќе се вклопи со идеите и мислите на Блаже Конески, кој што остави силен белег во нашата историја“,рече градоначалникот на Прилеп, Јованоски.

Заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, го истакна знечењето на делото на Конески во време, кога современиот македонски јазик добива статус на светски признаен јазик.

„Немаме подобар ден од овој 8 септември, Денот на независноста, овде од родната куќа на Џинот од Небрегово- Конески, за да ја истакнеме нашата заложба, да продолжиме напред заедно, преку негување и унапредување на нашиот јазик, нашата култура и уметност и почитување на другите. Да направиме едно слободно, креативно, критичко општество, едно и еднакво општество за сите, во кое јазикот и културата се средство за комуникација,не за поделби. Заедно да го обликуваме нашиот подобар живот и подобра иднина во независна и слободна Република Македонија“, рече заменик министерот за култура, Лазовски.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески посочи на заложбата и подготвеноста на Владата за негување на македонскиот јазик и култура воопшто.

„Македонија изминативе години се соочи со голем број искушенија и предизвици. Тоа се случува и во овој период, ќе се случува и во наредните 20-ина дена, каде што сме исправени пред сериозна историска одлука за Република Македонија,за членство во НАТО и во европското семејство. Денеска сме овде да оддадеме признание на еден од најголемите великани на македонската литература, Блаже Конески и сè што е во наша моќ и како Влада и како Министерство и во наредната година да направиме, за она што значи македонска вредност,јазикот и целата македонска култура“, рече министерот Сугарески.

Според заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, Македонија преку НАТО и ЕУ има шанса да ја оствари македонската борба за светско признавање на македонскиот јазик.

„Пред 27 години одлучивме сите да изградиме, самостојна, суверена, независна држава. Денеска сме повторно соочени со една одлука којашто ќе значи, уште една потврда на таа сувереност, и Република Македонија да стане рамноправен член на најголемите сојузи во светот, безбедносниот НАТО сојуз, и ЕУ, како врв на цивилизациските придобивки. Ја имаме таа историска шанса, ја имаме шансата Македонија не само да стане членка на ЕУ и НАТО, туку борбата на македонскиот народ да се оствари преку признавање и употреба на македонскиот јазик на светско ниво. Во тоа име и во таа чест доаѓаме да се поклониме пред  Великанот не само на македонскиот јазик и македонската граматика и литература, туку воопшто на македонската државност, Блаже Конески, “, рече заменик министерот Павлевски.

Промоцијата на зборникот беше збогатена со изведби на стихови и песни од Блаже Конески.

Родната куќа на Конески е музеј во ингеренции на „Завод и Музеј“ –Прилеп. Отворен е на 1 август 2005 година. Оттогаш до денес илјадници почитувачи на делото на Конески, го посетиле.

„Иако имаме посети,сепак сметаме дека треба сите ученици во Македонија, и оние во државните и оние во приватните училишта да ја посетат родната куќа, бидејќи Блаже Конески е Великанот на македонскиот јазик со наддржавен авторитет. Испративме инститиоционално како Музеј, дописи до сите училишта, и очекуваме дека родната куќа ќе биде дел од сите идни екскурзии на учениците, кои што го учат,познаваат, говорат македонскиот јазик, а вака ќе знаат и од каде потекнуваат корените на основоположникот на нашиот јазик, говор и писменост, Блаже Конески“,вели Миле Спиркоски, кустосот во музејот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Токму на овој ден од родното место на еден од создателите на македонскиот модерен јазик токму на овој ден, би сакал токму во име н Владата на Република Македонија, на Министерството за култура, да порачам дека јазикот, неговото зачувување, негување, унапредување како еден од столбовите на нашиот идентитет е наш врвен приоритет.Годинава Денот на независноста го одбележуваме во бурно историско време кога македонскиот народ по втор е исправен пред одлуката за својата независност. Деновиве кога чувствуваме како светот силно ја поддржува Македонија со подадена рака од двата најголеми и најважни сојузи во светот, НАТО и ЕУ,се поизразен е фактот дека покрај тоа што гарантира стабилноста на земјата, цврсти граници и перспективна иднина, се потврдува македонскиот идентитет, а македонскиот јазик станува официјален во најголемиот сојуз на светот. Деновиве демократскиот свет не поддржува во заложбите да обезбедиме нови перспективи,за млади кои што ќе се образуваат по европски стандарди и чиишто дипломи ќе бидат признаени во светот. Почитувани многу мина од вас, се почитувани професори и

Немамеподобар денод овој 8 септември, Денот на независноста овде од роднаа куќа на Џинот од Небрегово Конески, за да ја истакнеме нашата заложба, да продолжиме напред заедно, преку негување и унапредување на нашиот јазик, нашата култура и уметност и почитување на другите, да направиме едно слободно,креативно, критичко општество, едно и еднакво општество за сите, во кое јазикот и културата се средство за комуникација,не за поделби. Заедно да го обликуваме нашиот подобар живот и подобра иднина во независна и слободна Република Македонија“; порача Владимир Лазовски, заменик министерот за култура, од Небрегово.

Како Министерство за култура, се трудиме колку може повеќе да оддвојуваме средства за одржување особено на оваа куќа на Великанот, на Џинот – Конески! Владимир Лазовски, заменик министер за култура.