Од „Водовод и канализација“ најавуваат водата да се преврира пред конзумирање

Од ЈКП „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните, сите консументи на вода од градската водоводна мрежа да ја преврираат вода 10 минути пред употреба, во среда на 18. септември.

-ЈП „Студенчица“ на ден 18-09-2019 (среда) ќе врши перење на изворските постројки на изворот „Студенчица“, поради тоа ве известуваме дека во водоводниот систем, поради промената на притисоците во мрежата, ќе дојде до мало заматување на водата. ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, поради превенција, излегува со времена мерка и препорачува: водата пред конзумирање да се преврива 10 минути. Стабилизирање на состојбата очекуваме да има наредниот ден 20-09-2019 (четврток),- соопштуваат од ЈКП „ВиК“-Прилеп.

Од ова јавно препријатие апелираат исто така водата за пиење да се користи рационално.