Турската парламентарна комисија даде зелено светло за ратификација на Протоколот за пристап на РСМ во НАТО

Парламентарниот комитет за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција даде зелено светло за нацрт-законот за Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија  во НАТО да биде ставен на дневен ред за ратификација, објави Анадолија.

На седницата се разгледале 10 нацрт-закони, од кои осум се одобриле, вклучувајќи го и Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.