Изложба на уметнички карикатури во ликовната галерија во Прилеп

„Карикатурални соништа“ е насловот на изложбата уметнички карикатури чиј автор е Златко Крстевски, а е поставена во ликовната галерија на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Преку 50 дела се работени во техниката кинески лавиран туш и ја отсликуваат глобалната ситуација, од ужасите на војната, миграциите …

Крстевски е добитник на бројни награди за карикатура во Кореја, Кина, Турција, Кипар, Нипон- Јапонија, како и специјална награда на галеријата на карикатури „Остен“. Неговите карикатури се публикувани во повеќе антологии во Азербејџан, во Јапонија, Бугарија … Освен со карикатури се занимава со сликарство, стрип и мејл арт.