Ќе се гради вечен дом на Тоше во Крушево

Фановите на македонската поп икона Тоше Проески конечно ќе бидат задоволни, бидејќи Општина Крушево со пари од државниот буџет ќе го реконструира, поточно ќе гради вечен дом согласно со проектот кој што чека реализација веќе една година. Според градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, Владата одобри 10 милиони денари, парите се легнати на сметката на Министерството за култура. А, надлежната Комисија во Министерството треба да го одобри проектот со кој што Општина Крушево веќе аплицираше.

„Уште од моментот на моето доаѓање на функција се зафативме со работа. Изработивме идеен,а потоа и основен проект. Очекуваме секој момент со именување на новиот министер за култура, Комисијата да одржи состанок и да го одобри основниот проект за рекоснтрукција на вечниот дом на Тоше. Македонската поп икона треба да добие достоен вечен дом, според грандиозното музичко и хумано дело на нашиот сограѓанин Тоше Проески“, истакна градоначалникот Христоски за порталот ovde.mk.

За оваа и други актуелни теми со градоначалникот разговаравме на нашата средба во Крушево.