Младите се иселуваат од општина Кривогаштани, но локалната власт презема мерки да ги врати иселените

Интервју со градоначалникот Рубин Шефтероски

Белата чума, масовното иселување на младите од државава не ја одбегна ниту општина Кривогаштани. Според официјалната евиденција во 12 населени места живеат 6300, но според жителите реалниот број на граѓани што живеат во оваа рурална општина не е повеќе од 5200. За стопирање  или барем ублажување на овој проблем јасно е дека е неопходен стопански, но и урбан развој на општината. Од локалната власт,поточно од градоначалникот Рубин Шефтероски побаравме одговор што се презема на овој план.

Според градоначалникот Шефтероски, само годинава планирани се бројни проекти. Околу 5 милиони денари се насочени за реконструкција и изградба на улици и патишта. Околу 20 милиони денари се наменети за изградба на канализациона мрежа на с. Воѓани и с. Бела Црква во висина од 20 милиони денари.

А три од вкупно 4 населени места кои немаат водоводна мрежа, конечно ќе го решат проблемот.

Повеќе на оваа тема, од видео интервјуто со градоначалникот Шефтероски, што го води Моника Талеска.