ЈКП “Водовод и канализација”- Прилеп започна со имплементација на проектот WATENERGY CYCLE

ЈКП “Водовод и канализација”- Прилеп започна со имплементација на проектот WATENERGY CYCLE ( Urban water full cycle: from its source to its end-users and back to the environment) – предводен од INTERREG BALKAN-MEDITERRANEAN.

Буџетот е вредност од 165,000 евра гранд. Средствата се наменети за набавка на ГИС систем за потребите на “Водовод и канализација” и додатна опрема за детектирање на дефекти.

Географски информационен систем (ГИС) е систем дизајниран за снимање, чување, манипулирање, анализа, управување и презентирање на просторни или географски податоци. ГИС-апликациите се алатки кои овозможат интерактивни пребарувања, анализирање просторни информации, уредување податоци во мапи и презентирање резултатите од сите овие операции. Просторните податоци во ГИС-от се распореди во неколку тематски нивоа т.н слоеви во форма на дигитални карти Секоја од просторните податоци е придружена со координати. Со помош на системот ЈКП Водовод и канализација ќе има моментален увид на предвидена состојба (преклопувајќи ги подлогите), како и фактичката состојба т.е катастарска ситуација и детален преглед со сателитска снимка. Исто така ЈКП Водовод и канализација ќе има увид и врз водоводната и канализационата мрежа со атрибутни податоци за нив како податоци за корисници ,слика од шахта каде е поставено броилото и податоци за типот на водоводната и канализационата инсталација. Со преклупување на слоевите од различните тематски нивоа и со подесување на транспарентноста на слоевите може дирекно да се врши споредување на овие две состојби, со што ќе ја олеснува работата на вработените во ЈКП ВИК како и на техничарите кои се излезени на терен да ги санираат дефектите .

Тимот од ЈКП “Водовод и канализација”- Прилеп кој е вклучен во имплементација на овој проект и вработените во Одделението за  Припрема и инвестиции  активно работат за подготовка на податоците потребни за ГИС системот, како и учество на обуки за управување со опремата за детектирање на дефекти.

Првата фаза од набавката е веќе завршена и доставена е опремата за детектирање на дефекти за водоводна и канализациона мрежа.
– Корелатор
– Два детектори за феромагнетски материјали
– Гис релациона база на податоци
– Дата логер GSM/GPRS со повеќе канали
– Камера за отпадна вода
Вработените од ЈКП “Водовод и канализација”- Прилеп присуствуваа на теоретската обука за опремата за детектирање на дефекти која се одржа во просториите на претпријатието на 31.05.2019 год. Во текот на овој месец следуваат уште неколку практични обуки, со кои вработените ќе добијат поголемо искуство за ракување со опремата.