Ерсте банка: Северна Македонија ја очекува забрзан раст и намалување на невработеноста

Technology in the hands

Со окончувањето на речиси три деценискиот спор на Северна Македонија со Грција околу името, земјата може да очекува период на забрзан раст на среден рок, поттикнат од крајот на политичката неизвесност, потрошувачката и обновената инвестициска активност, се вели во најновиот извештај на Ерсте Банка.

Банката очекува раст на БДП од 2.9 проценти оваа година, пред да се забрза до 3.3 проценти во 2020 година, со враќањето на инвестициите како клучна разлика во споредба со досегашните трендови.

Во извештајот се анализираат причините за забавениот раст во 2018 година и оптимизам во поглед на тековниот период: „Јавните инвестиции во 2018 година, во голем дел, беа одложени поради политичките неизвесности, така што може да очекуваме капиталните инвестиции да бележат зголемување оваа година, како што ќе се одвива изградбата на автопатот“.

И претседателските избори се дел од анализата во извештајот на оваа важна банка и се смета дека изборната победа на Пендаровски го отсликува и доминантниот тренд во поглед на НАТО и ЕУ интеграцијата: „Триумфот на лево-ориентираниот кандидат Стево Пендаровски во тесна претседателска трка со главниот конзервативен опозициски кандидат Гордана Силјановска Давкова, може де факто да се гледа како став во однос на неодамнешната промена на името, како и заложбата за НАТО и ЕУ интеграција“

ЕРСТЕ  смета дека стапката на невработеност оваа година ќе падне под 20 проценти, а вработеноста ќе достигне 53 проценти, што се должи на поддршката преку владини субвенции за работодавачите во приватниот сектор.

Извор: Emerging Europe