Хомо Сапиенс

Што всушност е значењето на овој збор, наслов, или пак целина, ќе се обидам да го разголам до гола кожа.

Владимир Трајкоски – НСДП

Се надевам дека оваа моја колумна ќе предизвика пред сѐ сите ние да размислиме до каде може да оди вашиот памет,лицемерието, егоизмот, омаловажувањето, или целата онаа структура наречена поделба на функционалната личност на човекот.

Од повеќе аспекти на согледување и нормално анализирање на структурата на самиот човек,преовладува мислењето дека сите тргнуваме со мислата Јас и никој друг, или пак Јас и сите вие после мене, толкувајте го како што милувате. Се поставува прашањето зошто во рамките на едно нормално општество каде законите, можностите, образованието, здравството, судството итн треба да се еднакви за сите, ние луѓето тргнуваме со помислата за газење на другите луѓе. Не верувам дека постојат луѓе или сѐ во многу помал број,кои на некои од овие институти, или услужни центри на граѓаните барем еднаш не се обиделе да фатат ургенција за да бидат услужени квалитетно и нормално пред некого.

Тргнувајќи од потребите за докажување на индивидуалните квалитети,ги заборавиме основните квалитети на човековите права и слободи, и нормално битисувањето на Хомо Сапиенсот како гол институт.

Политиката пак како неизбежна, и еден степен повисока од нормалните категории, Зошто е тоа така?, нам на луѓето ни ги оперираше сите сетила, опијатите и тоа како ни делуваат, нема простор за бистриот ум.

Дисквалификација, навреди, клевети, омраза, завист,сето ова стана нормално секојдневие на сите полиња од општеството.

До кога?, има ли овде крај, или ќе се истребиме сите, станавме Диво Месо, се што е нормално е во распаѓање, а се што не е доживува олицетворение на силина со ореолска светлина.

Се трудам да не ме совладува апаратот наречен Без,рбетник, но ќе ми требате сите вие за да неморам да барам со фенер луѓе, Хомо Сапиенс на дневна светлина . Пробајте, возможно е.

Владимир Трајкоски НСДП