ДКСК: Агенцијата за финансиска поддршка не смеела да исплаќа пари на лозари во изборен период

Комисијата за спречување на корупцијата го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата не смеела предизборно да им исплаќа на лозари обештетување од неисплатен откуп на грозје од страна на винарии во стечај.

77 милиони денари исплатени во текот на април е утврдено дека не се тековни исплати за лозарите кои не ги добиле средствата од две приватни винарии кои во меѓувреме заминаа во стечај – „Повардарие“ и „Стефани“.

Откупот се случил пред пет години, а според програмата на Платежната агенција за поддршка на земјоделството и руралниот развој, краен рок на исплата на парите било 7 февруари пред распишпувањето на изборите.

„Во овој период не е извршена исплатата, туку во април кога е предизборниот период. Нема докази кои ја оправдуваат неопходноста на исплатата во април. Прекршувањето на изборниот законик ќе иницира превземање мерки на одговорност. Приговорот се усвојува“, утврдија членовите на ДКСК на денешната седница, во која беше отсутна од оправдани причини претседателката Биљана Ивановска.

Приговорот за тоа што вчера беа исплатени 26.786 лозари со субвенции од над 27 милиони евра, од добиената информација не е јасно дали е исплатена редовно или вонредно, но се става на дневен ред за истрага по сопствена иницијатива на Комисијата за антикорупција со оглед дека е изборен период.

Оваа трансакција се изведе вчера, а на истата реагираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На дневниот ред се четири приговори и тоа од 12 април, поднесен од овластен подносител Генерален секретар Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ, против Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – Скопје, приговор поднесен на истиот датум, исто така од Јанушев портив градоначалникот на општина Гази Баба, против Општина Штип и градоначалникот на Штип и приговор против в.д. градоначалник на општина Ново Село.

Д.М.

civilmedia.mk