Заев: Не верувам дека Иванов ќе потпише амнестија под името Северна Македонија

„Не верувам дека Иванов ќе потпише амнестија под името Северна Македонија, а ако се дрзне за 30 дена новиот претседател ќе ја поништи“, нагласи премиерот Зоран Заев, во вечерашното гостување во емисијата „КликПлус“, во ТВ 21, како одговор на шпекулациите дека претседателот во заминување, Ѓорѓе Иванов би можел да ги амнестира осудениците за „крвавиот четврток“.

Тој е дециден дека повеќе нема и не смее да има мешање во правосудството.

„Правосудството не смее да плати никаква цена во име на иднината на државата. Реформите треба сите да ги спроведеме како еден наш ментален однос кон државата. Да престанат протекции кај судии, кај обвинители, во здравството… Тоа е дисторзија на системот, додаде премиерот Заев.