Тампонирање и асфалтирање на краци од улиците „Истарска“ и „Пчиња“

Во рамките на спроведување на комуналната програма на Општина Прилеп за уредување на улиците во градот и населените места, изминативе неколку денови се работи на тампонирање на три краци од улицата „Истарска“.

„Се работи на три краци на потегот помеѓу улиците ‘Истарска’ и ‘Мечкин камен’. Во моментов се работи на нивно тампонирање и припрема за поставување асфалт. Должината на улиците е близу 300 метра, планирано е во следните неколку денови припремите да бидат завршени и потоа да се пристапи на нивно асфалтирање“, изјави надзорот над граджежните активнсти, Блаже Богоески.

Истовремено се работи и на тампонирање на десетина помали краци од улицата „Пчиња“, непосредно над ООУ „Гоце Делчев“, што исто така претставува подготовка за нивно скорешно асфалтирање.