Жбогар се надева дека ќе се постигне договор за СЈО

Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во државата, на одржаното предавање на Факултетот за безбедност, Скопје, изјави дека се надева во јуни на состанокот на Советот на ЕУ ќе се одлучи да се отворат преговорите за Северна Македонија,јавува МИА.

„Од земја која беше во политички превирања, сега има функционална демократија, функционален Парламент со опозиција која се ангажира за реформските процеси, реформите во праводуството, така што гледаме важен напредок. Секако уште многу нешта можат да бидат направени до јуни, и со надеж чекаме да ги видиме вашите достигнувања и да видиме што ќе се случи дотогаш“, истакна Жбогар.

За Жбогар најголем предизвик со кој ЕУ сега се соочува е појавата на национализмот и анти-ЕУ движеањата.

„Најголем предизвик е граѓаните да се уверат дека интегрираната Европа не е закана за националниот суверенитет. Тоа особено дојде до израз по имиграциската криза. Со овој предизвик сфаќаме дека Европската Унија не може да се земе здраво за готово – истакна Жбогар, додавајќи дека оттука е големо значењето на претстојните избори за Европскиот Парламент“, рече тој.

Жбогар даде свое мислење и за законот за СЈО, како еден од критерумите за отоврање на преговорите во ЕУ, посочувајќи дека министрите на ЕУ минатиот јуни кога го отворија патот за почеток на преговори, поставија услови и за реформи и конкретни резултати во правосудниот систем.

„Специјалното јавно обвинителство покажа големи достигнувања, и за нас како ЕУ и за сите земји-членки е важно на СЈО да му се дозволи да ја врши својата работа, и да покаже уште поголеми достигнувања за судските предмети “, оцени Жбогар изразувајќи надеж дека сите политички партии во Собранието ќе најдат начин да му дозволат на СЈО да продолжи со работата.