Димитров на работен престој во Вашингтон

Почетокот на работниот престој во Вашингтон, Никола Димитров го одбележа средби со претставници на американски државни институции, за кои што заедничко беше отворено изразеното задоволство од придружувањето на Република Северна Македонија во Алијансата.

Помошникот државен секретар, Филип Рикер, осврнувајќи се на состојбата на балканскиот простор и потенцирајќи дека е неопходно државите најпрво внатрешно да се преобразат и да изградат капацитет за систем заснован на правда и вредности.

„Со нетрпение ве очекуваме во НАТО! Реформите, особено во однос на СЈО, се императив и неопходно е да се зачува независноста на СЈО (во рамките на ЈО) и неговиот капацитет, во интерес на правдата и одговорноста за корупција“, изјави Рикер.

Конгресменот Б. Бојл, посочи дека Договорот од Преспа како соодветен пример за надминување на конфликтни ситуации, не само во нашиот регион туку и пошироко. Министерот Димитров искажа благодарност за покажаната поддршка од страна на Конгресот, и очекување дека САД, како наш докажан партнер, без застој ќе го ратификува Протоколот за полноправно членство во НАТО.

А. П. 

civilmedia.mk