Црна Гора ќе го ратификува Протоколот за пристап во НАТО

Црногороското Собрание денеска ќе го ратификува Протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО. На пленарната седница ќе присуствува и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери ќе оствари биратерална средба со неговиот црногорски колега Иван Брајовиќ.

Премиерот Душко Марковиќ пред денешната ратификација истакна дека со овој чекор Црна Гора ја потврдува поддршката за Северна Македонија, која ќе биде дополнителен фактор за стабилноста.

Протоколот до сега го ратификуваа Грција, Бугарија, Словенија и Албанија.