21 ноември низ вековите

Во декември 1996 Генералното Собрание на Обединетите нации го прогласи 21 ноември за Светски ден на телевизијата во чест на датумот на кој се одржа првиот Светски телевизиски форум во 1996 година. 

Во 1694 година во Париз е роден Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Тој бил претставителен и во вистинска смисла на зборот, еден од најслободоумните луѓе на тогашна Европа, голем противник на мрачниот период на црквата и клерикализмот, иако не бил атеист. Негово најпознато дело е фолозофско-дидактичкиот роман “Кандит”. Напишал и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Умрел во Париз на 30 мај 1778 година.

Во 1877 година,Томас Едисон (американски физичар и пронаоѓач) го соопштил пронаоѓањето на фонографот – претходник на грамофонот.

Во 1944 година претседателството на АВНОЈ во Втората светска војна целиот имот на непријателот го прогласило за државен имот.

Британија во 2006 година забранила рекламирање на нездравите прехранбени производи наменети за децата, со што од телевизиските програми биле отстранети рекламите на солените, пресолените и мрсните јадења. Преземените мерки се однесувле за сите програми во текот на 24 часа, како и на сите телевизиски канали.

civilmedia.mk