19 ноември низ вековите

1493.- На своето второ патување за Америка, на кое тргнал со 17 бродови и со 1.500 луѓе, Кристифор Колумбо го открил островот Порторико.

1600.- Роден е англискиот крал Чарлс I Стјуарт, чие авторитарно владеење предизвикало револуција и укинување на монархијата. Под притисок на парламентот, во 1628 година издал „Петиција за правата“ со која ги гарантирал правото на парламентот и личната слобода на граѓаните. Обврската набргу ја погазил. Владеел 11 години самостојно, но во 1640 година морал да го свика парламентот кој ги ограничил неговите права.

1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама на своето прво патување, во дотогаш непознатиот свет, го откри патот за Индија, околу ‘Ртот Добра Надеж.

1805.- Роден е Фердинанд де Лесепс, француски дипломат, инженер, градител на Суецкиот Канал (1859-1869). Во 1881 година почнал да го гради и Панамскиот Канал, меѓутоа поради финансиската криза, не успеал да го изгради. Умрел на 7 декември 1894 година.

1831.- Роден е американскиот претседател Џејмс Ејбрам Гарфилд, кој станал шеф на државата во март 1881 година. Бил тешко ранет во атентат во јули 1881 година. Умрел два месеца по атентатот.

1888.- Роден е кубанскиот велемајстор Хосе Раул Капабланка и Грауперо, светски првак во шах од 1921 до 1927 година. Изгубил само една партија во периодот од 1914 до 1924 година, според што е единствениот во историјата на шахот. Титулата ја освоил победувајќи во мечот со германскиот велемајстор Емануел Ласкер со 4:0 и со десет реми, а загубил од рускиот велемајстор Александар Аљехин со 6:3 и со 25 реми. Дела: „Основи на шахот“, „Мојата шаховска кариера“.

1917.- Родена е Индира Ганди, претседател на индиската влада од 1966 до 1975 и од 1980 до  31 октомври 1984 година кога била убиена пред нејзината резиденцијата во Њу Делхи, од страна на тројца припадници на најзината лична гарда.

1918.- Со поддршка од западните земји и белите чехословачки одреди во контрареволуцијата против болшевичката власт, царскиот адмирал Александар Колчак извел преврат во Омск, и воспоставил воена управа во Сибир, на Урал и на Далечниот исток, а се прогласи и за „врховен водач на руската држава“. Тоа бил почетокот на походот на силите на Антантата против советските власти воспоставени со Октомвриската револуција. Колчак во 1919 година бил заробен и стрелан во Иркутск.

1920.- Во Битола е роден Бранко Зарески, македонски поет, критичар и еден од доајените на македонското новинарство. Умрел во Скопје, на 4 мај 1979 година.

1936.- Во првите борби пред Мадрид, како борец на интернационалните бригади во Шпанската граѓанска војна (1936-1939), загинал Ганчо Хаџипанзов, македонски револуционер и поет. Од неговото поетско творештво е позната само поемата „Ќе се вратам“. Роден бил во Велес, во 1900 година.

1942.- Советските трупи во Втората светска војна со силен контраудар во Сталинград ги поразија единиците на Шестата и Четвртата оклопна германска армија кои капитулирале во почетокот на 1943 година.

1944.- По петдневни борби кај хидроцентралата „Матка“, селата Глумово, Групчин, Копачин Дол и Ларце против силите на албанските балисти, единиците на Педесеттата македонска дивизија и на Третата македонска бригада го ослободиле Тетово.

1946.- Во Париз била отворена првата конференција на УНЕСКО (специјализирана агенција на Обединетите нации за образование, наука и култура).

1969.- Модулот на американскиот вселенски брод „Аполо 12“ со астронаутите Чарлс Конрад и Ален Бин се спуштил на Месечината.

1977.- Претсдателот на Египет Анвар ел Садат како прв арапски лидер допатувал во Ерусалим каде со претседателот на владата на Израел Менахем Бегин преговарал за окончување на военатата состојба во двете земји. Претходно во Кемп Дејвид двајцата со посредство на американскиот претседател Џими Картер склучиле договор за сепаратен мир и етапно повлекување на Израелците од Синај.

1984.- Во Мексико Сити во пожар предизвикан од експлозија на гас загинале повеќе од 550, а биле повредени повеќе од 4.200 луѓе.

1985.- Вo Белград умрел Благоја Чешларов, истакнат македонски музичар – интерпретатор, музички педагог и основач на повеќе музички групи и оркестри.

1990.- Со потпишувањето на договорот за конвенционалните сили во Европа и за уништување на дел од вооружувањето, лидерите на НАТО и на Варшавскиот пакт објавиле дека завршила студената војна меѓу двата воени блока.

1991.- Пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно донесле Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава.

1996.- На историската прва средба во Ватикан меѓу папата Јован Павле II и претседателот на Куба Фидел Кастро, поглаварот на римокатоличката црква ја прифатил поканата за посета на Куба.

1988.- Со сведочењето на независниот тужител Кенет Стар, кој го обвинил претседателот на САД Бил Клинтон за попречување на правдата, формално започнала постапката за импичмент против шефот на државата, трет во американската историја.

1998.- Конституирано било третото (второ по осамостојувањето) Собрание на Република Македонија. За претседател бил избран Саво Климовски.

2000.- Претседателот на САД Бил Клинтон ја завршил тридневната посета на Виетнам, прва на еден шеф на американската држава по 25 години од завршувањето на Виетнамската војна.

2002.- Танкерот „Престиж“ кој превезувал 77.000 тони нафта потонал на 270 километри од северозападниот брег на Шпанија, предизвикувајќи еколошка катастрофа по должината на брегот.

2004.- Умре британскиот научник Џон Вејн, кој во 1982 година ја добил Нобеловата награда за медицина за откривање на начинот на дејствувањето на аспиринот.

2007.- Умрела Елен Милен – Прајс, австриска мечувачка, трикратна првенка во светот. Во Лос Анѓелес во 1932 година го освоила првиот златен олимписки медал во мечување. На Летните олимписки игри во 1936 година во Берлин и во Лондон во 1948 година го освоила третото место. Била трипати прва во светот – 1947, 1949 и во 1950 година.

civilmedia.mk