Градоначалникот Јованоски и бизнисменот Самарџиоски на еснафска дружба во прилепската чаршија!

Духот на прилепската чаршија е жив. Размената на мудрости, искуства, еснафски муабети зачинети со по некоја шега од прилепскиот шеговник. Ваква беше денешната дружба на прилепскиот градоначалник Илија Јованоски со познатиот бизнисмен, сопственик на Прилепската Пиварница, Кирил Самарџиоски.

Еснафска дружба во прилепската чаршија: градоначалникот Јованоски и бизнисменот Самарџиоски

Беше задоволство и за очи и за душа, очигледно нивната енергична дружба во летната јулска жега, денешното попладне. Ги затекнавме како муабетат и се разладуваат со чашка „Златен Даб“, во едно кафуле во срцето на Прилеп, во близина на Градскиот саат.

Со поздрав во препознатлив спортски дух, и дозволија на екипата на порталот „Овде“, да ја овековечи нивната дружба.